Ако зборуваме за енергетска политика, не можам, а да не се сложам дека цената на струјата и со овие мали или големи поскапувања е мала, треба да биде повисока, но тоа е мое мислење како човек што ги разбира работите, вели универзитетскиот професор Рубин Талевски за новиот тарифен модел за цената на струјата.
Според него, ако не постоеја трите блокови, по стариот концепт ќе се знаат и цени и се.
-Се кажува одреден процент, тој се примеува на сите потрошувачи и многу лесно. РКЕ направи пресметка дека треба да се покачи струјата за 17%, но со овој концепт, просечната цена за домаќинства кои ќе влезат во првите три блокови, ќе се зголеми за 7,7% зимно време и 6,5% летно време или просечно 7,4% поскапување, информира Талевски кој работеше на новиот тарифен модел за струја.