Добронамерници што ја сакаат нашата земја и што го знаат процесот како Ерван Фуере, Гералд Кнаус, Флоријан Бибер, Едвард Џозеф викаат немојте со овој предлог, крај е на проширувањето. Нас ни се отвора врата на која пишува ЕУ, но кога ќе ја отвориме или ѕирнеме малку, гледаме дека има ѕид или слепа улица. Овој предлог не паркира во слепа улица, каде што вечно ќе разговараме со Бугарија, смета поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
Димитров вели дека треба да ја потсетиме Европа дека ако Европа е заедница на вредности, ќе ги почитува и тогаш кога не ѝ е баш „опортуно“.
-А нема да се обиде дека сега ни треба успех, Украина, Молдавија, Балканот е фрустриран, ајде овде да пробаме. Овде имаме тврда ситуација во Софија и за жал, сигнали на очај дека ни треба успехот по секоја цена. Кога одите на пазар или купувате автомобил или разговарате со партнерот, кога сакате да најдете разбирачка или договор, ако не сте спремни да станете или не успеете, тој договор не може да биде пристоен. Секогаш ќе биде ужасен за вас ако влегувате со очај, рече поранешниот шеф на македонската дипломатија во емисијата „24 анализа“.