Претседателот на Собранието Талат Џафери се повика на Деловникот на Собранието и на почитување на законите и ја прекината седницата, на која се разгледуваше Предлог-законот за дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка.
Предлог-законот за дополнување на Законот за работните односи се однесува во делот на престанок на договорот за вработување, со предвидување на исклучок за судиите и јавните обвинители и предвидување одредби за продолжување на нивниот мандат. Временската важност на овие одредби, се предлага да трае најмногу до три години се со цел да се постигне пополнетост на местата во судовите и јавните обвинителства.
Седницата траела само 17 пратеници и говореле само тројца пратеници.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски обвини дека ова е преседан во Собранието бидејќи првпат во историјата се закажува седница веднаш по завршувањето на седницата за пратенички прашања.
Џафери ја одложи седницата на неопределено време, со оглед на тоа што рекол дека дополнотелно јавноста ќе биде известена за нејзино одржување.
Предлог измените на Законот кои се однесуваат на продолжувањето на работниот век на 60 судии и 13 обвинители се причината поради која завчера дојде до инцидент на седницата на Комисијата за европски прашања, па претседавачот Арбр Адеми од ДУИ ги гаѓаше со филџан и танца пратениците од опозицијата.