„Пратениците да си седат на столче за да нема инциденти “

од Берта Китинска
119 прегледи

Жестоките препукувања помеѓу пратениците во Собранието го одбележаа вчерашниот ден.

Спикерот Талат Џафери вели дека не го оправдува однесувањето на својот сопартиец Адеми но тврди дека тој не може да ја превземе целата вина бидејќи бил испровоциран од опозициските пратеници.

“Некој си седи на своето место и си ја работи работата, а некој му приоѓа да му пречи, тогаш е јасно кој и што поттикнува. Не оправдувам никого, но ако ја сакате општата слика, треба да гледате како целина како дошло до тоа. Не штитам никого. Не оправдувам таков потег. Но, не е во ред сите да викаме по него. Не затоа што е од ДУИ, туку не е во ред затоа што некој ја донесе таа ситуација. Никој не треба да реагира така, како што не треба да реагира опозицијата, не треба ниту власта. Испраќам порака дека ова не треба да се повтори и нема да се повтори освен ако некој не го иницира и не го испровоцира тоа“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.

Слични содржини