Американската ѕвезда, пејач, текстописец и продуцент Р. Кели (Роберт Силвестер Кели) денеска беше осуден на 30 години затвор во њујоршкиот суд затоа што ја искористил својата медиумска популарност и слава за да младите обожавателки, меѓу кои голем број девојчиња, ги изложи на систематска сексуална злоупотреба.
55-годишниот пејач и текстописец минатата година беше осуден за рекет и сексуална трговија на судење кое за прв пат им даде можност на жртвите да проговорат затоа што претходно биле игнорирани само затоа што се Афроамериканки, пренесува АП.
Судијката Ен Донели го осуди обвинетиот откако ги слушна сведочењата на неколку преживеани жени кои сведочеа дека злоупотребата на Кели оставила длабоки траги во нивните животи.