Ако сакаме да го споредиме раководењето на спикерот на Собранието со една чаша полна со пиво да речеме чашата постојано беше преполна секогаш на работ на истекување на пената, но конечно чашата се прели кога се исплаши од нашата блокада, кажа пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска на седницата за интерпелација на собранискиот спикер Талат Џафери.
Во своето излагање таа посочи дека Џафери се изживувал со сите пратеници од опозицијата.
-Довикуваше недолично, како на излет во планина, кон колешките.За мене со потсмев им велеше на своите обожаватели да ме видат „Види ја бе“. Па потоа почна да ме кани да одам на говорница и да му читам небаре како во некоја биртија а јас сум му забавувачка која треба да ја награди ако му ги исполнува неговите желби.Па од микрофон се пазареше со мене.Вака реагирам поради молкот на пратеничките, да го прогласиме Џафери за женомрзец, кажа Стојановска.