Расте бројот на заразени, пријавени две починати лица од ковид

од Берта Китинска
176 прегледи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 922 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 85, Охрид – 15, Битола – 12, Прилеп и Велес – по 9, Куманово – 8, Струмица – 4, Тетово, Кавадарци и Штип – по 3, Кочани, Струга, Делчево и Виница – по 2, Гостивар, Радовиш, Пробиштип и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.

Регистрирани сe 110 оздравени пациенти од: Скопје – 67, Охрид – 13, Битола и Кавадарци – по 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Штип – 3, Прилеп и Струга – по 2, Тетово и Велес – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (68 г и 73г), починати на ден 05.06.2022 во домашни услови.

Направени се 922 тестови преку: ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-22, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-116, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–81, Жан Митрев (Филип Втори)-13, Авицена-15, Биотек-16, Систина-21 лабораторија Лаор-4, Синлаб-0, Ремедика-5, Плодност-1, Генеа-2, Никоб Лаб-24, ВФВ Медикал-15, Ели МедикаПлус-4, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 366.

Досега во земјата се направени вкупно 2.081.796 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.018, бројот на оздравени пациенти е 303.893, на починати е 9.325, а бројот на активни случаи изнесува 800.

Слични содржини