Иванов: Предлогот е компромис, нешто добиваме – нешто губиме

од Nikola Popovski
261 прегледи

Новинарот Зоран Иванов смета дека „нема простор за голем триумфализам“ во однос на модифицираниот француски предлог.

-Ајде да погледнеме малку кон Софија. Очигледно станува збор за компромис, кој што е максимално избалансиран. Последните изјави на Радев и Петков покажаа дека си подадоа рака и се согласија дека оваа корекција од Макрон е навистина компромис. Нормално е веројатно и од страна на политичарите и од инволвираните, да си ги бројат плусовите и минусите. Нешто добиваме, нешто губиме, вели Иванов.

Тој додава дека нема ниту ние да бидеме среќни, но нема да бидат ниту во Софија.

-Овој проблем е 70 години. После смртта на Ѓорѓи Димитров, таму на власт доаѓа Тодор Живков и оттогаш водат отворени медиумски напади врз нашиот македонизам, рече Иванов во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини