Откако заврши прес-конференцијата на владината коалиција, беше објавен францускиот предлог на електронската страница на Владата.
Бидејќи ова е прво објавување на овој предлог во јавноста, страницата стана недостапна и падна веднаш по објавувањето поради преоптоварување, што се случува поради голема посетеност.
Францускиот предлог за укинување на бугарското вето за влез на Северна Македонија во Европската унија (ЕУ) ги вклучува нашите забелешки и претставува солидна основа за градење став, рече премиерот Димитар Ковачевски.
Тој ова го изјави по средбата со лидерите на партиите од владејачката коалиција, на која се разговараше за францускиот предлог кој во четвртокот пристигна во Скопје. Истиот ден францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека верува оти е најдено компромисно решение.