Претставници на граѓанскиот сектор, експерти во различни области, професори го разгледуваат францускиот предлог

од Берта Китинска
97 прегледи

Со претставниците на граѓанскиот сектор, експерти во различни области, професори, политички аналитичари дискутиравме за европскиот предлог за просперитет на нашата земја, информираше преку својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

-Благодарен сум што секој дава придонес во овие клучни моменти за државата со својата експертиза и богато искуство. Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија, напиша премиерот.

За тоа дали овој предлог ќе оди на рефернедум Ковачевски на денешната прес-конференција рече дека ова е предлог кој оди во Собрание во согласност со уставното уредување нанашата држава, а дека ние како држава сме се определиле дека сакаме и стратешка цел ни е членство во ЕУ.