Камерон Дијаз се враќа на актерството по осум години пауза

од Берта Китинска
326 прегледи

Актерката Камерон Дијаз, која нема снимено филм од 2014 година, во средата објави дека ќе глуми во комедијата на Нетфликс „Back In Action“, нов проект со Џејми Фокс.

Фокс, кој глумеше со актерката во филмовите „Annie“ и „Any Given Sunday“, објави видео од телефонски разговор со Камерон Дијаз и ѕвездата на американскиот фудбал Том Брејди, кој, како што рече, „даде совет на актерката да излезе од пензија“.

„Искрено, тоа беше она што ми требаше“, изјави Дијаз.

Слични содржини