Камерон Дијаз го доби своето второ дете на 52 години: Пресреќни сме

од Симе Стоиков

Камерон Дијаз (51) и нејзиниот партнер Бенџи Маден (45) ја објавија среќната вест дека добиле второ дете.

Актерката и музичарот се во брак од 2015 година и веќе се родители на ќерката Редикс, која ја добија преку сурогат мајка.

Сега открија дека имаат син по име Кардинал, а веста ја открија со заедничка објава на социјалните мрежи.

„Благословени сме и возбудени што можеме да го објавиме раѓањето на нашиот син, Кардинал Маден. Сите сме многу среќни што е тука. За безбедност и приватност на децата, нема да објавуваме никакви слики, но тој е навистина сладок. Ние се чувствуваат толку благословени и благодарни“, рече славната двојка преку Инстаграм.

Досега не откриваа дека чекаат второ дете, но во 2022 година до медиумите стигна веста дека сакаат да го прошират семејството.

Слични содржини