Ковачевски: Да се биде лидер значи да знаеш кога да кажеш „НЕ“, но и кога ќе препознаеш шанса да ја искористиш

од Берта Китинска
173 прегледи

Да се биде лидер значи да знаеш кога да кажеш НЕ, но и кога да препознаеш шанса за напредок и истата да ја искористиш, напиша на својот профил на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски објавувајќи видео од вчерашната прес-конференција на која беа соопштени дел од деталите за францускиот предлог.

Премиерот денеска информираше дека се појавиле многу лаги и шпекулации поврзани со францускиот предлог.

-Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог. Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги.Нашата стратегија и план даде резултат, имаме нов предлог кој ги штити нашите стратешки и национални интереси. И во предлогот и во преговорите, нема да дозволиме тие да бидат загрозени, напиша на својот Фејсбук профил премиерот.