Пендаровски за пцовката на Апасиев: Ако имаше нешто меѓу нозе ќе ме испцуеше во лице

од Берта Китинска
370 прегледи

Тој тип минатата година јавно ја пцуеше и Шекеринска и од прилика знам за каква креатура се работи. Кој резон го има навистина не верував дека може да дојде до ситуација да пцуе починат родител, вели претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност одговарајќи на парашањето во врска со пцовката која беше упатена кон него од страна на претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев.

Тој посочи дека лична болка во оваа ситуација е дека неговата мајка е почината пред 10 години.

-Мислам дека поцовката сама за себе е крајоно нечовечки поготово да се пцуе гроб на почината мајка, тоа е нешто што не се простува.Таков јавен став може да искаже човек кој е ушмркан или му фали нешто во главата ставрно мислам дека е психопат.Ако имаше нешто меѓу нозе ќе ме испцуеше во лице, кажа Пендаровски.

Тој го нарече Апасиев психопат, гнида.

-Ако имаше нешто меѓу нозе ќе ме испцуеше во лице, а не да се крие зад тастатурата. Преку глава ми е такви големи македонски мажиња, кажа претседателот.

Апасиев, јавно го опцу претседателот на државата, Стево Пендаровски, откако беше објавен модифицираниот француски предлог за кревање на бугарското вето и започнување на преговорите за членство во ЕУ.

„Пендаровски,пи*ка ти матер“, напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук.

Слични содржини