Песков: Оваа година е врвот на непријателската политика на САД кон Русија

од Stefanija Kuzmanovska
100 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин оваа година нема да им го честита Денот на независноста на американскиот претседател Џозеф Бајден и на Американците, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рече дека причината е што оваа година е врвот на непријателската политика на САД кон Русија, пренесува РИА Новости.

Песков додаде дека испраќањето честитка во такви услови тешко може да се нарече соодветно.