Пејачот Ламбе Алабаковски, кој денеска се појави на протестот пред Влада, ја испеа државната химна. Тој од импровизирана бина пред Владата порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој биле испишани овие договори.
-Ако мојата дијагноза е приоман, вашата дијагноза е предавничка. Затоа, ова парче хартија треба да гори, изјавил Алабаковски.
На протестот се слушаа и свиреше упатени кон Владата, како и скандирања „Никогаш Северна, само Македонија“.
Моментално демонстрантите се пред платото на Владата, откако ја бутнаа заштитната ограда.
Алабаковски е обвинет за предизвикување општа опасност, откако во саботата пред доаѓањето на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на средба со Бујар Османи го потпали влезот на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Откако беше упасен, тој го призна делото, па му беше одредена мерка притвор од осум дена, што сега е преиначена во куќен притвор.