Трајанов предлага референдум доколку остане ваква преговарачката рамка

од Nikola Popovski
247 прегледи

Лидерот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов вечерва изјави дека дефинитивната одлука за францускиот предлог треба да ја верифицира Парламентот.

-Владата може да донесе одлука да ја прифати преговарачаката рамка, но тоа е огромен ризик. Клучно е целиот процес сега да биде презентиран пред граѓаните и да се види гласот на народот. Голем број експерти имаат сериозни забелешки за францускиот предлог и тоа мора да се респектира. Јас предлагам доколку остане вака рамката, да се изјаснат граѓаните за тоа преку референдум. Ако тие поддржат, определбата на граѓаните е да се оди напред. Треба да градиме пријатели и да ја објаснуваме нашата позиција, појасни Трајанов.

Според него, Министерството за надворешни работи потфрлило бидејќи сме се соочиле со ваков предлог.

-Во него се вградени сите барања на Бугарија. Тоа е неуспех на дипломатијата. Како може бугарските барања сега да станат европски барања?, прашува Трајанов во гостувањето на ТВ Сител.

Слични содржини