Мицкоски бара формирање работни групи во Парламентот околу францускиот предлог

од Nikola Popovski
137 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот протест пред Владата упати нов предлог.

-Во рамките на Парламентот да формираме работна група каде ќе си ги кажеме нашите аргументи. Искуството вели дека не можеме да се потпреме на аргументите на Османи и СДСМ. Да формираме работни групи, бидејќи денеска гледаме дека утре ќе поминувал на Влада, па таков ќе доаѓал на пленарна седница и се создава тензија, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека „само оние кои не им одговара масовност, сакаат да имаат радикализација“.

-Во периодот кој што следи очекувам голем број граѓани да ни се приклучат и да имаме масовна поддршка во насока на громогласно „не“ против овој последен предлог, додаде Мицкоски.