СДСМ Брифира: Координаторите на пратеничките групи ќе разговараат за заклучоците што треба да произлезат од Собранието

од Берта Китинска
187 прегледи

Утре е договорена средба на координаторите на пратеничките групи и други претставници на парламентарните партии на којшто на дневен ред е дискусија во однос на заклучоците коишто треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието. Овие разговори не поврзани со содржината на преговарачката рамка, брифираат од СДСМ.

-Потсетуваме, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна јавно одбија учество во работните групи иако им беше понудено, велат од владејачката партија.

Оттаму посочуваат дека очекуваат одговорност од сите политички партии.

Од опозицијата предходно брифираа дека ќе се разгледува францускиот предлог.

Ќе се формираат работни групи помеѓу политичките партии кои ќе работат на предлог забелешки на преговарачката рамка која е предложена.Предлогот е во тие работни групи помеѓу политичките партии да бидат по двајца преставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Првата средба се очекува утре, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини