Владата ќе обезбеди средства за возобновување на Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник

од Nikola Popovski
148 прегледи

На денешната седница, Владата, откако ја разгледа, ја усвои Информацијата за реализација на Проектот – Возобновување на Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник, подготвена од Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство и беше дадена согласност и мислење за оправданоста и продолжување на проектот.

Исто така, беше задолжено Министерството за финансии да обезбеди средства во висина од 50.000.000,00 денари во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 и 22.700.000,00 денари во Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година за реализација на Проектот.