Кржаловски: Владата го прифати предлогот и пред да почнат консултациите

од Nikola Popovski
195 прегледи

Мислам дека уште пред да почнат консултациите, Владата заврши со ставот и го прифати предлогот. Се чини дека и другиот процес е јасен дека е потребна поддршка од Собранието дека е прифатено и да го достави до Европската комисија, вели политичкиот аналитичар, Александар Кржаловски за францускиот предлог.

Според него, сега откако Зијадин Села се изјасни дека би го поддржал, има поголема извесност дека има просто мнозинство да се прифати предлогот.

-Прашање е колкава смислата на ваквите консултации. Треба да продолжи ваквото изложување на аргументите и да видиме се што се предностите. Да видиме кои се замките, затоа што до пред недела не беше прифатлив предлогот, а сега имаме нова ситуација. Малку е чудно, рече Кржаловски во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини