СДСМ: Дали воениот дезертер Ковачки синоќа координираше поранешни „волци“ да ги предводат насилствата?

од Берта Китинска
752 прегледи

Ескалираа вчерашните протести протестите против францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ.

Протестот започна пред Владата, па преку МНР, заврши со тензии пред Собранието. Дел од присутните беа со фантомки, а кон институциите се фрлаше со најразлични предмети.
Тензии, насилство, инциденти и апсења беа видени пред Собранието, кон полицијата фрлија и молотов коктел.

Насилството пред Собранието е дело на полициските инсталации

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки денеска на прес конференција изјави дека синоќешната насилство пред Собранието било дело на полициските инсталации на СДСМ и Оливер Спасовски.

„Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување на инциденти и ескалација, сакаат на брзина да им помине предавството.Ова впрочем, вчера и го најави Ковачевски кој јавно го соопшти вчерашното сценарио за насилство.Пионот Ковачевски треба да и одговори на македонската јавност дали позади уфрлените лица за насилство стојат Спасовски и Зечевиќ.Очигледно е дека не ги бива за работа, но затоа за местенки и саботажи се експерти, рече Ковачки.

Од СДСМ велат дека Ковачки е дезертер од Армијата кој избра да им служи на деструкциите на Мицкоски

„Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица со насилството на протестите изминатите два дена, со дивеење на насилници со качулки, повредени полицајци, со каменување, фрлање запаливи течности, уништување го покажува своето вистинско лице и вистинска цел да создаде тензии, поделби и раздор, да се закочи целата држава.Ова не може да го дефокусираат никакви лаги на Драган Ковачки.Токму Ковачки е дезертер од Армијата кој избра да им служи на деструциите на Христијан Мицкоски.Наместо да шири лажни вести Ковачки да одговори дали токму тој е координатор на поранешни припадници на единицата Волци кои синоќа ги предводеа насилствата, во обид да предизвикаат реприза на 27 април?“, прашуваат од СДСМ.

МВР има информации дека и за вечер се подготвува насилство

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пак денеска изјави дека МВР имало информации дека и за вечер се подготвувало насилство и молотови коктели.
„Дури една група од тие што сакаат да протестираат подготвуваат и молотови коктели, кои би биле наменети кон институциите, и затоа сакам уште еднаш да апелирам да се откажат од таквата идеја, нема да дозволиме во ниту еден случај да биде загрозен нечиј живот или државен објект“, изјави Спасовски.

Апасиев тврди дека агенти на ЦИА дошле во земјава

Пратеникот од Левица Димитар Апасиев реагираше на денешната изјава на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за насилството на вчерашниот протест. Апасиев истакна дека проблемите ги направиле уфрлени провокатори од Агенцијата за национална безбедност.

„Синоќа не ви влеговме во стапицата на тајната полиција. 50-темина уфрлени провокатори со качулки од АНБ, кои застанаа пред транспарентот на Левица, беа навреме “прочитани” и левичарите се дистанцираа од нив со санитарен кордон! Не ви паѓаме на тие ефтини финти, за после да имате основ да го поапсите цело раководство на Партијата (како што ве учат петте агенти на ЦИА за местенки, кои дошле пред два дена во Македонија)“, напиша Апасиев на Фејсбук.

Во синоќешните протести од МВР инфорираа дека имало 47 повредени полицајци, додека биле приведени 11 демонстранти.

Од министерството велат дека за време на протестите од страна на полицијата не биле употребени пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.

Слични содржини