336
Војвотката и војводата од Кембриџ натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Камерон Нори го следеа од свечената ложа на Вимблдон.
Очите на светот беа јасно насочени кон Кејт Мидлтон, која на четвртфиналниот меч на Вимблдон дојде во темносин фустан со туфни.
Таа буквално блесна на трибините и само потврди дека е поим за добар стил.
Синиот фустан инаку е модел на „Александра Рич“, а медиумите во Велика Британија веднаш почнаа да се занимаваат со цената на овој аутфит и дојдоа до цифра од околу 1700 евра.
Кејт носеше и бисерни обетки, како и очила за сонце „Хенриета“ од 170 евра