ССМ ќе поднесе колективна тужба

од Берта Китинска
197 прегледи

ССМ ќе поднесе колективна тужба пред домашните судови и пред Советот на Европа по основ на непочитување на колективните договори, непостоење на социјалниот дијалог, кој во минатото го имавме, како и по основ на усогласување на законите со колективните договори, изјави Дарко Димовски по денешната седница на Претседателството на ССМ.

Тој ја повика Владата доколку навистина има волја да ги усогласи колективните договори, тоа јавно да го каже и да се потпише спогодба со која ќе биде загарантирано усогласувањето на останатите плати со порастот на минималната плата.

–До септември, ние работниците ќе најдеме начин како да преживееме, ама да знаеме и да потпишеме спогодба со која ќе ни бидат загарнтирани 18,4 проценти од септември, рече Димовски.

Слични содржини