Генчовска за францускиот предлог: Реакцијата во С. Македонија е загрижувачка, нашиот став е јасен

од Nikola Popovski
289 прегледи

Во една демократска земја оваа реакција е доста загрижувачка, изјави бугарската министерка за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска по состанокот на Советот на министри како одговор на новинарско прашање поврзано со протестите во нашата земја против францускиот предлог.

„Да им дадеме можност да му објаснат на своето општество што е овој пакет. Она што можеме да го направиме од наша страна е да не шпекулираме со вести во нивните медиуми. Бугарската позиција е јасна“, нагласила министерката Генчовска, цитирана од бугарски „24 часа“.

„Ние строго ја следиме одлуката на Народното собрание. Колегите во РСМ треба да поминат низ процес поврзан со процедурите, да поминат документите низ нивната Влада и Собрание“, додала Генчовска.

Слични содржини