244
Кога се креваат тензиите, реториката станува насилна и очекувано е да има вакви инциденти. Ако испадне дека ова што го кажува Мицкоски е сериозна закана, тоа е сериозна работа, закана за живот. Имало и тепачка кај плоштадот „Скендербег“. Кај албанските медиуми пишувало дека имало погрдни зборови за Албанците. Јас мислев спорот е македонско-бугарски, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу за денешниот инцидент кај плоштадот „Скендербег“.
Според него, ако протестите станат пренасилни, повеќе штета им прават на тие чии идеи ги промовираат.
-Ако веруваат во тоа што протестираат, требаат да бидат внимателни и да не прават инциденти, додаде Муслиу во емисијата „Само вистина“.