Страв имам само од Господ, вели Мицкоски

од Nikola Popovski
264 прегледи

Страв имам само од еден, а тоа е Господ. Такви нема на земјава, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата во седиштето на партијата.

Ова следува откако вечерва дојде до инциденти на плоштадот „Скендербег“ меѓу демонстрантите кои учествуваат во протестите против францускиот предлог и група граѓани кои дојдоа од правец на Старата скопска чаршија. Беа користени камења, столчиња, тврди предмети, а беше употребен и пиштол.

Мицкоски после инцидентот објави дека „лицето со оружје сакало да го убие“.

Како што објави претходно „Локално“, човекот што пукал е Цуфи Кока, брат на директорот на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, Зуфи Кока. Двајцата се членови на Алијанса на Албанците.