Бурата во Велика Британија не стивнува – оставки со денови се слеваат во владата на премиерот Борис Џонсон, а најнова во низата е оставката на министерот за Велс, Сајмон Харт.
Харт на Твитер објави дека поднесува оставка, а медиумите објавија дека тоа го направил откако Џонсон го отпушти министерот за стамбени прашања Мајкл Гоув, за кој се наведува дека му рекол на премиерот дека треба да поднесе оставка.
Tonight I handed in my letter of resignation to the Chief Whip. pic.twitter.com/MccLho3kKk
— Simon Hart (@Simonhartmp) July 6, 2022
За само 24 часа, повеќе од 40 министри и помошници ја напуштија владата на Борис Џонсон.
Да потсетиме, во последните неколку дена оставки поднесоа повеќе министри, државни секретари и други функционери на британската влада, а меѓу првите во вторникот тоа го направија министрите за здравство и финансии Саџид Џавид и Риши Сунак.
Министрите поднесоа оставки, веднаш откако британскиот премиер се извини за назначувањето на пратеникот Крис Пинчер за заменик-претседател на пратеничката група на ториевците, обвинет за сексуално недолично однесување.