Од утре се најавени блокади низ државата како знак на протест против францускиот предлог. Како што беше соопштено вечерва тие ќе траат еден час.
-Од име на организаторите на овој протест да ве информирам дека утре ќе имаме блокади низ целата држава. Блокадите ќе почнат од 13 до 14 часот. Утре ќе ве информираме каде ќе бидат и како ќе течат. Ќе ја блокираме цела Македонија, додека нашите храбри пратеници во Собранието се борат за нашите интереси, за одбрана на македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската држава, изјави од пред Собранието поранешниот амбасадор во Бразил и поранешен вицепремиер за европски прашања, Ивица Боцевски, кој говореше на протестот против францускиот предлог, поддржан од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Тој додаде дека дополнително ќе бидат објавени сите точки на собирање.