236
Во Словачка денеска е потврден првиот случај на мајмунски сипаници, соопшти портпаролката на Службата за јавно здравје, Даша Рачкова.
Според неа, пациентот е изолиран и хоспитализиран, а сите луѓе кои биле во близок контакт со него неодамна биле информирани за тоа како треба да се однесуваат доколку почнат да ги чувствуваат симптомите на мајмунска сипаница, пренесе словачката новинска агенција ТАСР.
Рачкова соопшти дека денеска е потврден првиот случај на мајмунска сипаница.