Европскиот суд пресуди против Грција во случајот со потонувањето на бродот со мигранти

од Stefanija Kuzmanovska
116 прегледи

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против Грција во случајот со потонувањето на бродот со мигранти во Егејското Море во 2014 година, јавува „Анадолија“.

Случајот „Сафи и другите против Грција“ беше изнесен пред Европскиот суд за човекови права во јануари 2015 година, една година откако 11 од 27-те мигранти се удавија кога нивниот брод потона во водите на Егејското Море кај островот Фармаконисија.

„Судот утврди дека има пропусти во постапката и заклучи дека државните органи не спровеле темелна и ефикасна истрага која би можела да ги расветли околностите во кои потонал бродот“, се наведува во образложението на пресудата.

Слични содржини