ССМ: За една година вредноста на синдикалната кошница порасна за 5.498 денари

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Порастот на цените и растот на инфлацијата која од месец за месец е се поголема и за овој месец јуни изнесува 14,5% и влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население, соопштија од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради енормниот пораст на цените. Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 3,6% во однос на предхониот месец мај 2022 година, додека пак споредено со предходната 2021 година истиот месец зголемено е за 21,2%.

Синдикалната минимална кошница за месец јуни изнесува 39 710,00 ден. и од јануари 2022г (35 811.00 ден) е зголемена за 3 399,00 денари односно 9,49 %.

За само една година или од претходната 2021 година истиот месец јуни кога синдикалната минимална кошница изнесувала 34.212,00 денари истата е зголемена за 5.498,00 денари односно 16%.

„Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домакинство, аплатите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува секој месец. Затоа ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор и покрај евидентите противања на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците“, велат оттаму.

ССМ бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат причина веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и истите да се зголемат платите за најмалку 2806,00 денари во нето на секој работник во јавен сектор.

Слични содржини