Некои ѕвезди на социјалните мрежи се прославуваат со својот изглед, други со своите шеги. Јарето Симба го зафати интернетот со своите неверојатно долги уши од 54 сантиметри, кои сè уште растат.
Јарето го следат илјадници обожаватели на Јутјуб и на други канали откако се роди во Карачи, Пакистан на 4 јуни.
Неговиот одгледувач Мохамад Хасан Нареџо ги испратил податоците на Симба во Гинисовата книга на рекорди, иако не е сигурен дека такви мерења се забележани таму. Сè уште чекаат одговор.
Кога се родил Симба, неговите уши биле долги 48 см. За нешто повеќе од еден месец пораснале уште 7,5 сантиметри, а нема знаци дека ќе застанат таму.
„Нему му беше даден специјален кадифен превез за уши, за да може лесно да трча и да си игра без тие да се заплеткуваат“, изјави Нареџо за „Ројтерс“.
„Планирам да го зачувам семето на Симба за вештачко оплодување, така што ако, не дај Боже, умре, неговата лоза може да продолжи“, рече Нареџо.
3eb46242aad791aefa762d89a01f631aa5c09f1c73c3bae55df33bcaaa769c33caeea5adbc48