Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман ја коментираше ситуацијата околу неговите сонародници Френки де Јонг и Мемфис Депај.
Двајцата холандски фудбалери беа привлечени на „Камп Ноу“ во негово време, но сега од различни причини силно се поврзуваат со заминување од Каталонците.
„Одржувам постојан контакт со Френки и Мемфис. Знам во каква ситуација се наоѓа Френки, но пред некој ден кажа и дека сака да остане. Неговата намера е да продолжи во Барселона и ништо друго. Тоа е единственото што го знам. Челси? Од моја гледна точка, ова би било многу тешко да се направи. Ова се гласини, не знам колку вистина има во нив. Барселона традиционално успева да ги задржи своите најдобри играчи. Ако сакате да се подобрите, не продавате играчи како Френки де Јонг. Мемфис минатата година дојде без пари од Лион и се покажа како одличен играч. Мислам дека тој е играч на ниво на Барселона и затоа потпишавме со него. Сега ситуацијата зависи од тоа дали Чави го сака или не, но за мене нема сомнеж дека е на нивото на Барса“, изјави Куман.