Во текот на вчерашниот ден дошло до голем пожар во фирма од Скопје, при што изгореле три автомобили.
Според полицискиот билтен, во фирма на ул. „Јадранска магистрала“, сопственост на Ж.М. (55), изгореле патничкото возило „рено канго“, возило „фолксваген кеди“, возило „фиат добло“, сите со скопски регистарски ознаки и вилушкар.
Пожарот бил изгаснат од Скопската противпожарна бригада. Нема повредени лица.