Кој го спаси Мијалков – Груби или Ахмети со рускиот амбасадор, прашува Алијанса

од Nikola Popovski
263 прегледи

Алијанса на Албанците (АА) денеска преку прес-конференција праша кој го спаси поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, откако беше обелоденето дека се спогодил за случајот „Империја“.

-Додека стотина Албанци добија драконски казни за фрлање јајца на протести, доживотен затвор во монтирани процеси, Сашо Мијалков, кој изгради Империја на криминал и корупција, се спаси со само 3 години затвор , реагираат од опозициската Алијанса на Албанците за спогодбата што ја склучи Мијалков. За да биде иронијата поголема, тој е казнет и со 36 милиони евра, додека истото лице е обвинето за злоупотреба на стотици милиони евра, рече Аднан Незири од АА.

Тој меѓу другото јавно праша дали Артан Груби преговарал со Сашо Мијалков, или пак Али Ахмети на тајни средби со амбасадорите на Русија и Србија.

-Како и да е епилогот веќе е јасен, Сашо Мијалков е на слобода, а Албанците во затвор, изјави пратеникот од редовите на оваа партија.

Мијалков се согласил на три години затвор и конфискација на имот во вредност од околу 30 милиони евра за случајот „Империја“.

Слични содржини