Малески: Франција создаде шанса која не треба да ја пропуштиме

од Nikola Popovski
291 прегледи

Поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески смета дека сега ова што се случува е шанса да тргнеме на патот на кој што бевме запрени пред 17 години, кога го добивме кандидатскиот статус за членство во ЕУ.

-Шанса која ја создаде Франција, веројатно некоја голема сила тоа да го направи и шанса која не треба да се пропушти. Ретки се моментите кога се создаваат шанси, тие треба да се искористат оти потоа исчезнуваат и треба повторно години за нашето прашање се крене на ниво на интерес на некоја голема сила која е во состојба да ја истурка работата. После 25 години спор со Грција, САД се наложи и притисна и така тргнавме. Нешто слично се случи и сега. Велика Британија излезе од Франција сега станува задолжена и мора да мисли на проширувањето на ЕУ, рече Малески.

-Зарем не ни беше четвртина век искуство со Грција за да разбереме дека две балкански земји оставени сами на себе да ги решат историските теми ќе им требаат најмалку 100 години? Благодарение на тоа сознание кај западните пријатели, ние сме на патот на преговори заедно со нашиот багаж,. Велат добро „внесете ги и вашите проблеми, сам почнете еднаш да се движите напред кон Европа, затоа што назадувате“. Токму повикот на Макрон е на место. Тој вели „придружете ни се, засолнете се“, потенцира Малески во емисијата „Трилинг“.

Слични содржини