ЕУ е се уште најдобра опција за сите нас во регионот, пред сѐ за нас. Ние сме мала држава сместена во турбулентен регион со големи емоции и историја и голема сиромаштија, нема шанса сосема сама да се спротивстави на глобалните трендови. Ние не сме со пропорции на Кина, па да речеме дека не ни треба друго здружување, порача вечерва претседателот Стево Пендаровски.
Според него, планот е до 2030 година сите шест земји од Западен Балкан да бидат членки на ЕУ.
-Ваков план од сите членки има Словенија. Нивните претставници рекоа дека имаат агенда 2030. Словенечкиот претседател вели предложивме и одзивот бил околу 10, 11 земји-членки рекле вреди да се размислува и би влегле во конкретизирање, другите изјавиле не, имаме лошо искуство со давањето датуми за Бугарија и Романија, кажа Пендаровски во емисијата „Клик плус“.