215
На 08.07.2022 полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Виница, по преземени мерки и активности, расчистија 12 кривични дела, од кои 10 тешки кражби сторени во цркви, една тешка кражба во продажен објект и едно одземање на моторно возило извршени на подрачјето на ОВР Виница во претходниот период.
Притоа, во полициска станица е извршен службен разговор со Е.А.(20) од Виница, кој непријавено престојувал во Кочани, при што Е.А. ги признал делата и го појаснил начинот на кој ги извршил.
По документирање на случајот против него ќе бидат изготвени соодветни кривични пријави, соопштија од МВР.