Мицкоски за српска „Прва“: Човекот кој пукаше на протестите е вработен во МВР облечен како цивил (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
442 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово на српската телевизија Прва, објаснувајќи за протестите кои се случуваат во Скопје во изминатава недела, изјави дека уапсениот Цуфи Кока, кој при инцидентот кај Скендербег пукаше кон демонстрантите, бил вработен во МВР облечен како цивил.

„Пред некој ден организираа (Владата) инцидент. Идентификувавме 5 луѓе кои се вработени во МВР. Тие пукаа во народот. Народот буквално со голи раце тргнаа на пиштолите и тоа може да се види од камерите, сликите и од сето тоа што се случуваше таму. Замислете кога народот со голи раце оди на пиштоли, до каде е дојдена работата“, изјави Мицкоски.