Сакскобурготски: Mногу е важна благосостојбата на С. Македонија, зошто да биде изземена од придобивките од членство во ЕУ?

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски, кој ја извршуваше оваа функција од 2001-2005 година, во интервју за „Нова” вели дека честопати се прашува каде би била Бугарија доколку не станела член на НАТО и Европската унија. Во тој контекст, нагласува дека поволностите што од членството ги има Бугарија, би требало да им се овозможат и на Албанија и Северна Македонија.

Сакскобурготски нагласува дека многу е важна благосостојбата на народите во Албанија и Северна Македонија, исто како и на Бугарија. Зошто, прашува тој, тие да бидат изземени од тие придобивки. Затоа, нагласува, не треба да ги гледаме само негативните работи и не треба да се зборува за предавници.

Поранешниот премиер на Бугарија бара да се најде формула за се овозможи членство на Северна Македонија и Албанија во Европската унија. Тој нагласува дека не треба да се бараат негативни работи за да се поставуваат препреки, туку да се види како да се излезе од таа ситуација без притоа некој да биде предавник.

Според него, во некои држави имало тврдења кои сугерираат дека Бугарија се обидува да изнуди нешто, што, како што нагласува, е страшно и грозно. Улогата на Бугарија треба да биде таква да може да каже „браќа”, да помогне на секој пред да влезе бидејќи таа е веќе член на ЕУ и да помага. Тој не сака да го коментира внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија.