224
Тело на обезглавен маж е пронајдено денеска на пругата во Осиек, соопшти полицијата.
Телото е пронајдено спроти станбената зграда во населбата Вијенац на ул.„Иван Мештровиќ“.
Идентитетот на мажот не можел да се утврди со оглед на тоа што кај себе немал лични документи, пренесува порталот „Индекс“.
Телото е пренесено во Клиничкиот болнички центар во Осиек, каде што ќе биде извршена обдукција.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а продолжила на железничката станица „Осиек“, бидејќи на еден од возовите биле забележани траги од крв.
Од полицијата наведуваат дека се сомневаат во самоубиство.