189
Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска најави дека Брисел мора да ја заврши незавршената работа кога станува збор за европската интеграција на Западен Балкан.
Лајчак ова го изјави на 15. меѓународна конференција „Дубровник Форум“.
„На форумот во Дубровник 2022 година истакнав дека војната во Украина промени сè. Тоа го направи проширувањето повторно политичко прашање. Предолго сме задоволни со самите себе. Ова повеќе не може да продолжи“, напиша Мирослав Лајчак на Твитер.