Каевски: Одговорност за насилните протести мора да има, која е улогата на Ковачки во неуспешното крваво сценарио?

од Vladimir Zorba
224 прегледи

„Изминатите неколку денови се случија насилни протести, тензии но и обид за крваво сценарио за предизвикување етнички конфликт, кое не успеа. Главен режисер и сценарист е Христијан Мицкоски, заедно со неговиот прорускиот партнер Левица и коалицискиот партнер Алијанса“, сподели на прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица, помогнати од Алијанса се обидоа во среде Скопје да испровоцираат меѓуетнички конфликт од огромни размери.

Глумејќи жртва, ова крваво сценарио требаше да предизвика етнички конфликт, да поттикне спирала на насилства, тензии и обид за државата да се дестабилизира.

Сценариото на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица, помогнато од Алијанса е дело на атниевропски сили кои не и мислат добро на земјава“, посочува Каевски и прашува која е поврзаноста на Драган Ковачки со овие настани.

Слични содржини