Џамбаски: Организатрот на протестите во С. Македонија е Кремљ

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Еден од копретседателите на бугарската ВМРО и европратеник, Ангел Џамбазки ја коментираше темата протести во С.Македонија во студиото „Збори сега“ на БНТ.

„Оваа омраза против Бугарија и се што е бугарско е организирана одамна во Кремљ, така што руската поврзаност е јасна. Русија секогаш се обложува на Србија, врти грб и ги загрозува бугарските интереси“, коментира тој.

„Кураторот (организаторот) на целото дело е секогаш еден, а тој е во Кремљ“, нагласи Џамбазки.

Според него, можеби ќе дојде на гласање за францускиот предлог, но не може да се каже дали ќе се направат потребните уставни измени.

„Немаме пријатели на темата „Македонија“. Мора да се потпреме на сопствените сили и да го заштитиме нашиот интерес“, нагласи Џамбаски. „Загрижен сум дека нема да се менува Уставот, дека нема да се потпишат протоколите“, додаде тој.

Според него, постои реална опасност од голема тензија меѓу Бугарија и Северна Македонија доколку продолжат протестите и ширењето на говорот на омраза.

Слични содржини