Ќе направиме се што е во наша моќ во Собранието да не оди брзо и лесно и ќе направиме се што треба за да го претставиме мислењето на граѓаните каде што 73 отсто од Македонците се против оваа преговарачка рамка која што ја нарекуваме француска, а всушност бугарскиот премиер Петков денеска кажа дека тоа е бугарска преговарачка рамка, која станала европска, вели во Дневникот на Сител Антонијо Милошоски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Смета дека таа е пораз на македонската дипломатија и таа ќе биде разобличена темелно во Собранието.
Вели дека Владата се обидува да ја релативизира, според него, лошата преговарачка рамка, и сега Македонија е доведена пред свршен чин.
– Целата јавност треба да прифати еден лош договор, кој македонската димпломатија не успеала да го направи подобар. Не е точно дека не може да се смени нешто бидејќи оваа преговарачката рамка треба да има конкретни, содржински измени за да може да биде текст кој може да ни служи во следните 15-20 години, колку и да преговараме, вели тој