Зеленски: Сите руски војници кои ги гранатираат украинските градови ќе бидат пронајдени

од Stefanija Kuzmanovska
547 прегледи

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека ќе бидат пронајдени сите руски војници кои учествувале во гранатирањето на украинските градови.

Во видео-обраќање, откако Киев објави дека 15 лица загинале во гранатирањето на станбена зграда во регионот на Доњецк, Зеленски рече дека секој кој наредува такви напади и секој што ги извршува, апсолутно свесно убива.

Претседателот на Украина изјави дека ќе бидат пронајдени сите што извршиле ракетни напади врз градовите во Украина.

Слични содржини