Продолжува потрагата по третиот Македонец на Халкидики

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Продолжува и денеска спасувачката акција и потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин, во Посиди, на првиот крак на Халкидики, откако вчера и завчера беа пронајдени живи неговите двајца пријатели.

Вчерашната акција, во вода, од воздух и на копно, на грчката крајбрежна служба, на военото воздухопловство, на спасувачки тимови и волонтери во Посиди, не донесе резултат во обидите да се пронајде 28-годишниот.

Од грчката крајбрежна служба, доцна синоќа соопштија дека потрагата „ќе продолжи со разденувањето“, а за било каква разврска ќе информираат со ново соопштение.

Слични содржини