Дениз Ричардс отвори профил на сајт за возрасни – ќе снима „жешки“ клипови со СВОЈАТА ЌЕРКА

од Stefanija Kuzmanovska

Ќерката на Чарли Шин и Дениз Ричардс, Семи (18) неодамна ја шокираше јавноста кога на своите повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм им откри дека отворила профил на „Only Fans“.

Шин најпрво реагираше жестоко и рече „дека ова немаше да се случи ако таа живее со него наместо со мајка си“, но на крајот се помири со одлуката на неговата ќерка, но сега следува нов шок – „Only Fans“ исто така отвори и нејзината мајка, Дениз Ричардс!

Дениз набргу по отворањето на профилот на страницата за возрасни објави дека ќе снима со својата ќерка, што и Семи го потврди.

„Како што знаете, наскоро ќе снимам со мајка ми. Доколку стапите во контакт, ќе се погрижам да ви испратам посебно и слатко видео од нас две“, напиша 18-годишната Семи на својот Инстаграм.

Следбениците бурно реагираа и ја критикуваа актерката.

„Ова е вознемирувачко“, „Кој му го прави ова на своето дете“, „Одвратни сте“… се само дел од многуте негативни коментари.

Слични содржини