ЦСКА Софија доби 60 карти за дуелот со Македонија Ѓорче Петров, барале натпреварот да се игра на арената „Тоше Проески“

од Nikola Popovski
185 прегледи

Бугарските медиуми денеска објавија дека навивачите на ЦСКА Софија нема да можат да му дадат целосна поддршка на клубот во евро-настапот, бидејќи добиле скромна бројка од само 60 билети за гостувањето во Скопје, каде треба да се сретнат во второто квалификациско коло на Конференциската лига против тимот на Македонија Ѓорче Петров.

И покрај желбата на ЦСКА Софија, натпреварот да се игра на арената „Тоше Проески“ со капацитет од 32.000 луѓе, тимот од скопската населба Ѓорче Петров одлучил дуелот да се игра на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“.

-Теренот има капацитет од само 1.152 места, а изборот е направен по препорака на федерацијата и полицијата, кои очигледно се загрижени од провокации со оглед на комплицираната политичка ситуација меѓу двете земји. Предметните 60 билети се 5% од капацитетот на стадионот, што ги исполнува условите на УЕФА за бројот на карти за гостински навивачи во склоп на европските натпреварувања, стои во текстот на бугарските медиуми.

Цената на билетите е 300 денари.

Слични содржини